СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ доби црвен картон од граѓаните во првиот круг, изгуби и почна да плаче заради извесниот убедлив пораз во вториот круг

Од:

ВМРО-ДПМНЕ изгуби во првиот круг од претседателските избори, вели СДСМ во реакцијата на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО – ДПМНЕ.

‘Ова не беа локални избори, а онаму каде што имаше предвремен избор за градоначалник исто така ВМРО-ДПМНЕ загуби. На изборите црвен картон доби деструктивниот концепт на Сиљановска, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои загубија во првиот круг и тој факт не го побива ниту една весела математика на Мицкоски и Сиљановска.

За ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска општините Карпош, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Сарај каде што загубија со огромна разлика очигледно не се дел од Град Скопје, па во очај се самоохрабруваат лажејќи дека победиле во цело Скопје.

Навикната на уцени, притисоци и закани пред избори што ги вршеше врз граѓаните, институциите и приватните компании, ВМРО-ДПМНЕ денес не може да се помири дека на фер, демократски и слободни избори нивната кандидатка Гордана Сиљановска загуби во првиот круг и убедливо ќе изгуби и во вториот круг од претседателските избори.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ лажеше за наводни притисоци врз приватни компании кои експресно беа демантирани, а денеска лаже за наводни притисоци во Град Скопје. Сценарија постојат само во главите на Сиљановска и Христијан Мицкоски кои заглавени во режимската матрица бараат алиби за убедливиот пораз на 5 мај.”, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија