СДСМ: ВМРО-ДМПНЕ да ги продаде теписоните од 20.000 евра и лустерите од Белиот дворец и да ги врати парите кај граѓаните

Од:

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ без трошка срам најавуваат засилени блокади во време на најголема светска, економска криза, кога има постојан раст на цените на енергенсите, на цените на храната и во услови кога политичарите од цела Европа се обединуваат околу наоѓање начини за заштита на животниот стандард и обезбедување доволно енергенси за претстојната зима“, соопшти СДСМ.

„Преку судските процеси јавноста виде како ВМРО-ДПМНЕ трошела стотици илјадници евра на скап мебел и опрема за опремување на Белиот дворец.

Ако сака ВМРО-ДПМНЕ да направи било што конструктивно, нешто од интерес на граѓаните, наместо да повикува на некаква радикализација и блокади нека да ги продаде теписите од 20.000 евра, луксузните лустери и маси во Белиот дворец и парите нека ги пренасочи кон граѓаните.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се противат на тоа парите да завршуваат кај граѓаните и водат грижа само за личните и партиските интереси, СДСМ води политика за враќање на парите кај граѓаните, повисоки плати и унапредување на животниот стандард на граѓаните. Обидите за блокади на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%