СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

Од:

Додека премиерот Мицкоски се обидува да ја изврти вистината и да зборува за арбитражите кои СДСМ ги доби, вистинското прашање на кое што треба да одговори е: зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за „Казандол“ во 2015 година, велат од СДСМ.

„Дали заради тоа што бизнис интерсите им беа поважни од граѓаните? Зошто ВМРО-ДПМНЕ застана против граѓаните од југоисточниот регион кои беа против оворањето на рудниците? Тоа се прашањата на кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат. Инаку се знае дека Владата на СДСМ во март 2018 година го раскина договорот за „Казандол“ и застана на страната на граѓаните. Токму Владата на СДСМ ја истера до крај арбитражната постапка за Казандол, која е завршена успешно во интерес на државата а сега само стигнува одлуката. Благодарение на граѓанскиот отпор и одлуките на Владата на СДСМ, денес рудникот „Казандол“ не постои, а државата ја доби и арбитражата. Тоа е целата вистина, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски