СДСМ Велес: Нервозни реакции на ДПМНЕ

Од:

„Вчерашната прес конференција на Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Чадиев е најава дека ќе водат многу нечесна и валкана изборна кампања, зачинета со многу лаги и манипулации.

Нервозната реакција е заради следните причини:

Прво, затоа што се свесни дека граѓаните и добар дел од членството на ДПМНЕ се незадоволни и разочарани од сработеното на градоначалникот и советот. Ве повикувам да ја препрочитате изборната програма на Горан Петров. Ќе се уверите дека над 50 проекти не се остварени.

Второ, за да се опрвдаат, зошто Велес не е меѓу десетте општини во кои веќе се утврдени кандидатите за градоначалници на ДПМНЕ. Централното раководство им испрати јавна и јасна порака дека не е задоволно од работата на градоначалникот Горан Петров. Во спротивно сега и тој ќе беше промовиран за кандидат за уште еден мандат, како актуелните градоначалниците на Скопје, Битола, Прилеп, Илинден и Петровец.

Трето, затоа што во нивните анкети граѓаните во најголем број се изјаснуваат дека довербата ќе му ја дадат на Аце Коцевски. Тоа внесува дополнителна нервоза во редовите на ДПМНЕ. Соочени со пораз, не знаат кој кандидат да го изберат. Токму затоа сеуште немаат кандидат за градоначалник кој ќе може да му биде достоен противкандидат на Аце Коцевски.

Ние нема потреба да го браниме нашиот кандидат. Граѓаните многу добро знаат кој е и каков е Аце Коцевски. Знаат што се тој направи додека беше градоначалник. Уште подобро знаат дека општина Велес во негово време беше најдобра општина во Македонија, општина со која сите се гордеевме, модел на македонска општина од која другите учеа, со повеќе освоени награди и признанија. Како што знаат дека Горан Петров и ДПМНЕ направија премалку и Велес од најдобра, го претворија во сосем просечна македонска општина.

Чадиев измислува наводни ветувања на Коцевски за странски инвестиции и за продажба на Колска. Притоа заборава дека Колска е државно, а не општинско јавно претпријатие. ДПМНЕ е веќе 6 години на власт и ако беше лесно сто пати досега ќе ја продадеше Колска. Французите не ја купија Колска затоа што се разочараа од застарената опрема и технологија на работа, за разлика од нивната фабрика Лор каде што процесите на работа се целосно роботизирани.

Чадиев лицемерно и дрско обвинува за набавените лап топ компјутери. А, не кажува дека на истите тие лап топ компјутери сеуште тој, членовите на советот и градоначалникот работат во салата за електронско одвивање на седници. Обвинува, без срам и перде, за изградбата на фонтаната и за реконструкцијата на Младински парк. А, од друга страна  таму се сликаат, држат говори и оддржуваат манифестации.

Но, граѓаните не му веруваа,т затоа што токму заради фонтаната и обновата, Младинскиот парк е убедливо најпосетувано место во Велес, најпријатно катче што стана култно место за голем број дечиња, млади и возрасни.

Со проектот МЕАП и со пари од внатрешните резерви на Дервен заменивме 35.542 метри водоводни мрежи и 5.061 метри канализациони мрежи, меѓу кои стотици, стотици метри азбест цементни цевки од водоводната мрежа. А, колку заменија тие за овие четири години? За жал, не направија ништо, па ние ќе мора да ја довршиме работата кога ќе се вратиме.

Во наше време Велес беше општина без корупција, транспарентна општина, општина за пример. Прашуваме, дали сега општината е таква или пак како што се жалат граѓаните, е општина со многу чудни работи во легализацијата на нелегално изградените објекти.

Им порачуваме да не ги потценуваат граѓаните на Велес. Велешани имаат високо изградени стандарди и вредносни критериуми. Добро знаат да препознаат кој ја зборува вистината, а кој мами. Знаат да направат разлика кој градел, а кој само се фали, затоа што го преспа мандатот и само се шета на туристички патувања во збратименте градови.

Граѓаните добро знаат кому треба да му ја дадат довербата, за Велес пак да биде убава, перспективна и посакувана општина за живеење.

Единствено што бараме од власта е граѓаните да ги остави на раат. За да можат без закани, уцени, притисоци и поткуп да ја искажат својата избирачка волја“, изјави Благој Коларов, секретар на ОО СДСМ Велес.

Би можело да ве интересира

Поведена постапка за загрозување на сигурноста во Велес, осум дена притвор за осомничениот

Предраг Петровиќ

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

„Се продава културно заградено место до река“: Жител во дивата населба на Бабуна продава плац кој не може да се легализира

Орце Костов

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ