СДСМ: Вчера Мицкоски се силеше, денеска го пушти Николоски да се бламира, му испари ли мнозинството?

Од:

Од СДСМ по прес конференцијата на пратеникот Александар Николовски, прашуваат дали испарило мнозинството на ВМРО ДПМНЕ.

„До вчера Христијан Мицкоски се силеше дека има ново парламентарно мнозинство а денеска го пушти Александар Николовски да се бламира со иницијативата за која не се знае дали има мнозинство или веќе му испари.

Деновите пред нас ќе покажат дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат доволно пратеници за излгасување недовреба за Владата или не.

СДСМ продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, со цел да ја обезбедиме стабилната иднина на нашата држава и целиот наш народ.

Заедно, демократските, проевропски партии нема да дозволиме само заради пуста желба за власт, Мицкоски, Апасиев и Груевски државата да ја носат низбрдо, а народот да страда.

Нема да дозволиме загрозување на постигнатото, на Договорот од Преспа, на Охридскиот рамковен договор, на Договорот за доброседство со Бугарија, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.

Имаме заедничка кауза, граѓанска и државничка, зад која стои огромното мнозинство наши граѓани но и пратеници.

Нашите заеднички вредности се демократијата, слободата и заедништвото и тие се многу посилни од заедничките интереси на Мицкоски, Села и Апасиев кои сакаат државата да ја вратат назад, во времето на изолација, поделби и омраза“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он