СДСМ: Уште една лага од ВМРО-ДПМНЕ, јавната набавка на Град Скопје е законска

Од:

Уште една лага од ВМРО-ДПМНЕ, јавната набавка на Град Скопје е законска, со посочената компанија соработувал и Коце Трајановски. ВМРО ДПМНЕ продолжува со очајно ширење лаги и измислување на непсотоечки случаи со кои се обидува да ја манипулира јавноста. Нема ништо незаконско во јавната набавка за која денеска лажеше ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Како што јавно соопшти Град Скопје соработката со посочената компанија се заснова на јавен повик за јавна набавка која е помината низ сите законски постапки и спроведена јавна набавка на која можат да учествуваат сите компании кои ги исполнуваат условите. Уште еден факт со кој се побиваат шпекулациите и невистините на ВМРО ДПМНЕ е и дека истата оваа компанија соработувала со Град Скопје и во минатото, кога градоначалник на Град Скопје бил Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ, објаснуваат од партијата.

Ваквите неосновани обвинувања се уште еден неуспешен обид на ВМРО ДПМНЕ за манипулирање на јавноста. Граѓаните одамна ја препознаа ВМРО-ДПМНЕ како извор на лажни вести и затоа никој веќе не верува во лагите и измислиците од белиот дворец, заклучува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!