СДСМ: Собранието е местото за одлука околу заклучоците за европскиот предлог, Мицкоски да не бега од дебата

Од:

Собранието е местото за дебата и одлука околу заклучоците за предлог преговарачка рамка претставена од француското претседателство со ЕУ за почеток на преговорите велат од СДСМ.

– Со последниот европски предлог имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусноти, македонскиот идентитет е целосно заштитен , а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, на кои не им успеаја крвавите сценарија креирани заедно со Левица и Алијанса, да се откажат од блокадите и деструкциите и да не бегаат од дебата за вакво важно прашање за иднината на нашите граѓани и нашата држава. Сите политички партии, сите пратеници во Собранието треба да покажат одговорност, државност, да придонесат со дијалог, конструктивност во носењето на конечната одлука. Пратениците од сите политички партии имаат одговорност да работат за граѓаните, а не за нечии туѓи интереси, и да обезбедат европска иднина на државата со зачуван македонски идентитет се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?