СДСМ: Со дебаклот од протест, Мицкоски си ја потврди титулата губитник

Од:

„Денеска, на помалку од два месеци од изборите, Христијан Мицкоски доживеа уште еден пораз од граѓаните. Со денешниот дебакл од протест, Мицкоски уште еднаш ја потврди титулата губитник затоа што освен стотина негови приврзаници, сите останати му го свртеа грбот,“ реагираат од Социјалдемократскиот сојуз на вечерашниот протест против поскапувањето на струјата организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е очекувано, затоа што Мицкоски одамна е прочитан од граѓаните. Јавноста знае дека тој освен одбрана на криминалот во неговата партија и освен личните бизнис интереси не го интересира ништо друго.

Лицемерно е човекот кој беше вклучен во стопроцентно зголемување на електричната енергија, кој беше одговорен за укинување на евтината тарифа на струјата и човекот кој доби бизнис со хидроцентрали од владата во која бил советник, денеска да глуми загриженост за цената на струјата.

Тоа граѓаните совршено го знаат, затоа денешниот протест најавен како протест против цената на струјата се претвори во дебакл на обидот на Мицкоски да си ја задржи фотелјата во белиот дворец.

Денеска уште еднаш се потврди дека на Мицкоски најбитно му е столчето во партијата и затоа ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивно и неодговорно однесување, на штета на граѓаните, на државата и нејзината европска иднина.

Со такво однесување, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго остануваат во опозиција,“ велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана