СДСМ Скопје контра Арсовска: Ние инвестираме во иднината на младите, а не во луксузни канцеларии како тие во Белaта палата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Во недостаток на конкретни идеи и проекти за младите, Данела Арсовска, кандидатката финансирана од луксузните канцеларии на ВМРО-ДПМНЕ, шири лажни вести дека Шилегов инвестирал во луксузни канцеларии“, велат од Градската организација на СДСМ.

„Шилегов нема инвестирано во луксузни канцеларии, ниту пак во волшебни лустери, црвени теписи, и махагони астали, какви што има во „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кое со трошењето на луксуз, споменици, восочни фигури и палми, принуди на иселување стотици илјади млади од Македонија, СДСМ води активна политика за зголемување на платите на младите, што е главна причина за младите да останат во Македонија.

За разлика од СДСМ, Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ водат политика против зголемување на минималната плата и платите, што е главна причина за иселување на младите од Македонија.

За разлика од Арсовска, Шилегов има посебен дел во својата програма наменет за младите и младинските политики „Скопје младост ти ќе бидеш“.

Со Шилегов, Скопје станува град во кој во кој младите се доселуваат, инклузивен град на еднакви можности во кој заедно со младите се креираат политики по нивна мерка. За разлика од програмата на Арсовска, која ги маргинализира младите и нивните потреби, Шилегов во својата програма предвидува Младински центар, Канцеларија за млади, Буџет за млади, Финансиска поддршка за младински организации и организации за млади, бесплатен превоз за студенти на втор циклус студии, стипендии за млади до 29 години од семејства со социјален ризик и еднородителски семејства, субвенционирање на еколошки превоз за млади, субвенционирање на купување дигитални уреди за млади до 29 години, и создавање Центар за развој и поддршка на младинско претприемаштво“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски