СДСМ: Скандали го тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина

Од:

Новите скандали кои го тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба на институциите. Шефот на контрола во Наплатната служба на патарините во Петровец, Миланчо Митревски, ДПМНЕ и Коце Трајановски го поставија на оваа позиција иако не ги исполнува условите поради тоа што бил фатен со бројни злоупотреби. Митревски наплаќал повеќе пари на патарините, а вишокот пари си ги земал за себе, велат од СДСМ.

„Но, скандалот е уште поголем затоа што кадарот на Коце и ДПМНЕ, Митревски не плаќа патарини. За ова говорат снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи, како и електронската евиденција на патарините кои целосно потврдуваат дека Митревски кога проаѓа со возилото на патарина не плаќа патарина откако е назначен.
Тоа што ДПМНЕ застана во целосна одбрана на Митревски говори дека ДПМНЕ вака ја замислува власта. Партиските шерифи да ја злоупотребуваат позицијата, да не ги почитуваат законите и прописите, да не плаќаат патарина, со еден збор да прават што сакаат. СДСМ повикува на итна одговорност и разрешување, потенцирајќи дека злоупотребите се показател за неспособноста на раководството на ЈПДП и Коце Трајановски“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски