СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Од:

Откако утрово СДСМ алармираше дека има проблем со приемот на Ковид пациенти на кои што име потребен респиратор на интезивна нега во Инфекстивната клиника, веќе попладнево, за жал, имаме смртен случај велат од СДСМ.

Пациентка која од утрово била во лоша состојба прво не била примена на интензивна нега во Инфективната Клиника, а не била примена ниту на Карил по што починала. Ова е скандал за кој мора да има одговорност. Итно мора да излезат директорите на Карил и Инфективна клиника и да одоговорат зошто не е примена пациентката. Каде е министерот Таравари цел ден да интервенира откако уште рано информираше СДСМ за проблемот? Бараме истрага и одговорност за смртта на пациентката. СДСМ има точен увид во целиот случај и ќе го изнесе во јавноста доколку министерството и ДСЗИ се обидат да го забошотат. Исто така, бараме министерството веднаш да го реши проблемот со прием на пациенти на интензивна нега во Инфективната клиника. Ова е прв случај, но може многу лесно да имаме нови жртви, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он