СДСМ: Резултатите во МВР само ВМРО-ДПМНЕ ги гледа

Од:

„МВР има обврска да го штити правниот поредок на државата и да се грижи за спроведување на законите. Граѓаните на Република Македонија очекуваат МВР да ги заштитува човековите слободи и права.

Со последното соопштение Министерството за внатрешни работи застана во одбрана на партиските политики на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Јанкулоска, кои не се во согласност со Уставот и законите.

МВР и ВМРО-ДПМНЕ со ова соопштение сами ги потврдија аргументите на СДСМ, за воведување на нов услов во спроведување на постапката за унапредување и распоредување на овластените службени лица и полициските службеници во МВР.

МВР и Гордана Јанкулоска свесно го игнорираат фактот дека во ниту еден законски и подзаконски акт за внатрешните работи и полицијата, раководителот не дава писмена согласност на работникот за аплицирање за работно место на интерен оглас.

Раководителот дава иницијатива за слободно или упразнето работно место, додека изборот од пријавените кандидати го врши соодветната Комисија за унапредување и распоредување на која Гордана Јанкулоска со укажување им наметна нов, измислен услов како критериум за јавување на интерен оглас.

Вработените во МВР знаат дека, Правилникот за системот на карира на овластените службени лица во МВР воопшто не се почитува или селективно се применува и не ги даде резултатите кои очигледно само ВМРО-ДПМНЕ ги гледа, но не и вработените во МВР“, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на МВР за прес конференција на Фросина Ременски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил прислушуван, АНБ да ги декласифицира документите

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Сиљановска наместо да ги брани државните интереси, повторно е мегафон на ВМРО-ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски зборува едно, Христовски го демантира, СДСМ бара итна декласификација за случајот со АНБ

Горан Наумовски

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

ВМРО-ДПМНЕ: Дали службите за безбедност под водство на кадри на СДС го следеле и прислушкувале Мицкоски со знаење на Коцевски?

СДСМ: Нови тројца кандидати за градоначалници од СДСМ, досега објавени вкупно 60 кандидатури

Горан Наумовски