СДСМ: Претседателката на ЕК ги разби сите лаги на антиевропската коалиција, Мицкоски и Апасиев

Од:

„Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание денеска ги потврди фактите за кои СДСМ, демократската и целата проевропска јавност ги говорат“, реагира СДСМ на изнесените ставови на Христијан Мицкоски.

„Македонци, нема сомнеж, вашиот јазик е македонски јазик и ние целосно го почитуваме. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик, без модификации и без квалификација од ЕУ.“

“Ревидираниот предлог го потврдува македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, а билатералните прашања, историските прашања не се услов ниту дел од преговорите.“

Со овие јасни и недвосмислени изјави претседатлката на ЕК ги потврди фактите а од друга страна ги разби сите лаги на антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев.

Пред Собранието денеска е важна одлука за иднината на државата и продолжување на европскиот пат.

Македонци со македонски јазик во ЕУ, Собранието треба да го продолжи европскиот пат!“, се додава во реакцијата на СДСМ

Би можело да ве интересира

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

Орце Костов

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

Орце Костов

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Бугарски историчари: Цар Самуил и Охрид се бугарски, прва победа во историските спорови со Македонија

Орце Костов