СДСМ: Пресуда по директива на Груевски

Од:

„Пресудата на Основниот суд Скопје 2 по директива на Груевски е класичен доказ дека нема институции во Македонија и дека се е контролирано од еден центар, премиерот Никола Груевски.

Потврда за тоа е одлуката на судот да ја испорача до евро, сумата од 50 илајди евра, што ја побара Никола Груевски.

Судската фарса вчера го најави исходот од судењето, чијашто единствена цел беше амнестија на Груевски.

Тоа го потврдува неприфаќањето на аудио снимката како доказ.

Тоа го потврдудува неприфаќањето на клучниот сведок, Ден Дончев, од кого е добиена снимката и кој лично го води разговорот со Груевски околу продажбата на Македонска банка.

Тоа го потврдува и фактот што Груевски вчера на конкретно прашање дали гласот на снимката е негов, не одрече, туку се повика на партиско соопштение.

Денешната пресуда е уште еден срам за судството и за Република Македонија.

Претседателот Зоран Заев ќе ги употреби сите правни механизми за вистината да излезе на виделина.

Само прашање на време е кога правдата ќе биде задоволена, а Никола Груевски ќе ја добие заслужената казна“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар