СДСМ преку оглас го бара кандидатот за претседател на државата

Од:

СДСМ објави отворен повик за самокандидирање на кандидати за претстојните претседателски избори.

Во огласот се наведени четири критериуми кои се бараат од кандидатите: да е личност со висок општествен углед, да биде способен за извршување високи државнички функции, да ужива доверба на членството и симпатизерите на СДСМ, како и да биде личност која на најдобар начин ќе ја оживотворува политиката на СДСМ и ќе работи на реализација на стратешките приоритети на Република Македонија – полноправно членство во НАТО и ЕУ, како и меѓународна афирмација и промоција на Република Македонија.

Рокот за пријавување на кандидатите е до 19 февруари, кои своите апликации треба да ги достават до Извршниот одбор на партијата.

Одлуката за објавување на повикот за кандидирање била донесена на последната седница на Централниот одбор на СДСМ кога најавија дека до крајот на неделата ќе се одржи и седница на Извршниот одбор за да се донесе конечна одлука дали ќе има предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, како што бара ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ најавија дека името на кандидатот за претседател ќе го објават на 3 март, а неофицијално во јавноста веќе се вртат имињата на министрите Оливер Спасовски, Радмила Шеќеринска, Никола Димитров и на националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

 

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он