СДСМ: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од насилството врз парламентарното мнозинство

Од:

„Мнозинската волја на граѓаните ќе биде испочитувана и според Уставот, Деловникот и законите ќе биде избран новиот собраниски претседател, а потоа и новата реформска Влада.

Мнозинската волја на 700.000 граѓани е преточена во 67 пратенички мандати, со што Република Македонија има легитимно формирано парламентарно мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ е опозиција. Недозволиво е насилството што го прават врз мнозинството граѓани и парламентарното мнозинство неколкумина криминалци и нивни соработници во ВМРО-ДПМНЕ, во коишто спаѓа и Никола Тодоров.

Никола Груевски, Тодоров, Димовски, Милошоски не се повеќе фактор на одлучување.

Не може неколкумина криминалци од врвот на ВМРО-ДПМНЕ да ги доведуваат во ризик интересите на граѓаните и државните интереси на Р.Македонија.

Потребен е здрав разум, раководството на ВМРО-ДПМНЕ ДПМНЕ да се повлече од провокации, разгорување етнички тензии и омраза и мирен трансфер на власта. На тоа повика цела демократска меѓународна заедница. Тоа го очекуваат и граѓаните на Македонија.

По кредибилните избори, формираното мнозинство и Програмата на новата Влада на унитарна Македонија, демократските процеси продолжуваат кон формирање на новата Влада и реформи што носат живот за сите во Р.Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ