СДСМ: Ништо од ветената Зелена Општина, денес Гази Баба тоне во шут и отпад

Од:

Бобан Стевковски ветуваше се и сешто. И брда и долини. Ветуваше спектакуларни инфраструктурни објекти во Гази Баба, за кои велеше, општината ќе ја направат најевропска. Но, ветувањата се едно, а реалноста е сосем друго. Паметите нели? велеше дека општината ќе ни ја направи и најзелена вели претседателот на општинската организација Гази Баба на СДСМ Влатко Нитовски.

– Нема ништо од ветениот проект „Зелена општина Гази Баба“ каде што требаше да се зголемат парковските површини за 10% и да се засадат 500.000 нови дрвја и зелени растенија. Наспроти тоа, Општина Гази Баба денес тоне во шут и отпад. Ништо од проектот за воспоставување систем за селективно собирање на отпад. Нема ништо ниту од ветувањето за поставување на минимум 30 подземни контејнери во сите урбани населени места (ветен проект во висина од 20.000.000 денари) Нула реализација на акцискиот план за намалување на загадувањето на амбиеналниот воздух. И згора на се… Во буџетот се намалени средствата за заштита на животната средина од 7.8 милиони денари во 2023, на 6.5 милиони денари за 2024 година, рече Митовски.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус