СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Од:

Четврта учебна година по ред основните училишта во Аеродром немаат ни М од модернизацијата што Муцунски ја вети како еден од топ седумте приоритети на неговата градоначалничка програма. Таблет за секое дете од прво до деветто одделение, ветуваше Муцунски, веднаш по почетокот на мандатот. Наместо тоа, таблет уреди добиваат само четврто одделенците веќе трета година по ред. Три генерации полуматуранти од Аеродром го завршија основното образование од 2022 до денес и трајно ја пропуштија шансата да ги добијат ветените таблет уреди. И учениците кои го започнаа деветтото одделение годинава ќе останат без ветените таблет уреди, се вели во писменото соопштение од СДСМ.

„Новиот в.д. градоначалник Дејан Митески продолжи по стапките на Муцунски и повторно оваа година обезбеди таблети само за учениците од четврто одделение.
Модернизацијата на училиштата требаше да опфати и поставување на паметни табли во секоја училница, со цел да се овозможи комбинирана настава и дигиталното учење. Ова не се единствените нереализирани ветувања од програмата на Муцунски и ВМРО ДПМНЕ, поврзани со училиштата во Аеродром. Недостасува и поставувањето на енергетско ефикасни фасади во сите училишта.

Сите училишта требаше да добијат и пристапни лифтови за децата со попреченост. Програмата на Муцунски предвидуваше и набавка на две возила за лица со попреченост кои ќе бидат на располагање на училиштата. Никогаш не се случи ветената доградба и надградба на училиштето Ѓорѓија Пулевски, а почетокот на надградбата на училиштето Блаже Конески доцни цели 2 години. Ветената нова гимназија во Аеродром ја нема ни во планската документација. Никогаш не беа доделени ни ветените стипендии за талентирани ученици во износ од 30.000 денари годишно.

Праксата на изложување на родителите на бројните дополнителни трошоци за средства за хигиена, хартија, тонери, принтери и други непредвидени материјали, никогаш не престана иако Муцунски се пофали дека ги укинал сите дополнителни трошоци за родителите. За ова ли Тимчо Муцунски е „евакуиран“ во новата министерска фотеља? За ова ли се брзаат измените на законот за локална самоуправа да се донесат по скратена постапка, со поддршка на ДУИ, за ДПМНЕ да избегне соочување со револтот на граѓаните на избори? Трпението на граѓаните е при крај, а нивните реакции се оправдани и реални, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

А1он

Во вториот изборен круг, ќе има разговори и со партии од албанскиот блок, изјави Филипче

(ВИДЕО) Филипче: Граѓаните тонат во сиромаштија, власта ги држи платите ниски

Горан Наумовски

СДСМ: Не се доволни манго, папаја и аспарагус, сега Министерство за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Јанковиќ: Ѓорѓиевски молчи за дивоградбите во Чаир

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни