СДСМ: Николовски повторно фатен во лага, немало никакви преговори за Коридорот 8

Од:

Тунелот кон Бугарија дел од пругата на Коридор 8 за Николовски беше слет тунел и најавуваше нова траса. Одеднаш тунелот прогледа и ќе проектот ќе се прави онака како што беше испланиран од преходно, без измени, велат од СДСМ.

– Заплеткан во своите лаги Николовски се обиде да се оправда со тврдење дека на средба помеѓу директорите за железничка инфраструктура на Бугарија и Македонија биле прифатени „три клучни аргументи„ на Николовски за проектот. И повторно, Николовски е фатен во нова лага. Се работело за технички состанок на којшто се прецизирале само технички прашања за доизградба на прекуграничниот тунел Деве Баир. Немало ниту прифатени аргументи, ниту измени во планот за градба, ништо. Ова е уште еден шамар за лагите на Николовски и признание за работењето на Владата на СДСМ и стратешките проекти кои реализиравме за граѓаните. Од историски криминал и коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти. Очигледно работата на Николовски се сведува на лажање на народот и фалење со проектите на СДСМ, ништо друго, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Николоски: Не може превозниците да бројат денови, часови и минути поминати во камионот, проблемот мора да се реши

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он