СДСМ: Не смее да има никаква амнестија за 27 април

Од:

Ставот на СДСМ е дека за насилството на 27 април не смее да има амнестија вели пратеничката на СДСМ Даниела Николва коментирајќи ја иницијативата на три адвокатски канцеларии за амнестија на осудените за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

– Одговорност за насилството од 27 април мора да има. Насилниците мора да одговараат и да излезат пред лицето на правдата, оттука ние сме против било каква поддршка за амнестија за насилството од овој најцрн ден во Република Северна Македонија, поточно најцрн ден за демократијата во нашата држава. Каква порака би пратила амнестијата, дали тоа ќе значи дека се отвара можност во иднина некој одредени политички структури повторно да превземат вакви активности. Затоа уште еднаш повторувам ние сме против било каква амнестија на насилниците од 27 април рече Николова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт