СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување

Од:

На почетокот на мај оваа година МВР потпишало Договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушкување и шпионажа на телефонските уреди. Дали следењето и прислушкувањето новинари, активисти и политички неистомисленици се таргет на МВРО-ВМРО. Софтверот “Селебрајт Инсајтс Про” како и “НовиСпај” се алатки развиени за потребите на српската Безбедносно информативна агенција, рече на прес конференција потрпеседателот на СДСМ Методија Илиевски.

– Проблематично е тоа што во светските медиуми и официјални соопштенија на Гугл, за овој софтвер се наведува дека бил користен за следење на новинари и активисти. “Амнести интернешнл” во својот извештај објави целосно истражување и форензички резултати за овие случувања. Сега МВР набавува годишна лиценца за софтвер Cellebrite Inseyets Online Pro, годишна лиценца за Recon ITR, Recon Lab, Exterro FTK Enforcement Bundle за девет милони денари. Зошто МВР го избра најсомнителниот софтвер, познат по низа скандали и незаконско следење? Ќе се прислушкува ли повторно „на големо“ и тоа без соодветни одобренија од правосудните органи? Ќе има ли кој да контролира и како би се контролирало недозволено следење, снимање, упад во комуникациите на граѓаните?

Би можело да ве интересира

Мицкоски е во шок од изборниот резултат, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: 10 спрема 1 по освоени општини во првиот круг е соодносот на ВМРО-ДПМНЕ со СДС

СДСМ бара Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски

Фатен бегалец од штипскиот затвор осуден за убиство

СДСМ: Во вториот круг се бориме за 17 места, граѓаните масовно да излезат на гласање