СДСМ: Мисијата на Иванов е загрозување на иднината и штитење на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

По обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов, владеачката СДСМ испрати соопштение во кое вели дека единствената мисија на Иванов е загрозување на иднината, а пак, Македонија тоа нема да го дозволи.

„Волјата на граѓаните за напредок во ЕУ и НАТО е јасна и силна, мора да биде почитувана. Единствената политичка мисија на Ѓорѓе Иванов е загрозување на иднината, да прави штета врз врвните национални и државни интересии, бранејќи го по секоја цена  криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Иванов, последниот остаток од режимот на ВМРО-ДПМНЕ е лице кое што сака Македонија да не успее, лице кое сака Македонија да остане во изолација. Иванов воопшто не се грижи за иднината на државата и нејзините граѓани, тој цврсто стои на страната на темното минато на изолација, уназадување и неизвесност“, се вели во соопштението на СДСМ.

Тие додаваат „Волјата на граѓаните е јасна и силна. Над 600.000 граѓани на референдум јасно се определија за влез во ЕУ и НАТО со загарантиран македонски идентитет. Волјата на мнозинството е конечна и таа мора да биде почитувана од сите, вклучително и на Иванов, лицето што се уште срамно и недостојно ја извршува функцијата“

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Кабинет на Пендаровски: Претседателот може да користи службено возило и за време на кампања

Орце Костов