СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат

Од:

Паче Тошковски, министер за внатрешни работи, најави „почести анализи“ на водата во Гостивар.Министер за полиција ќе ја проверува водата?

Каде е министерот за здравство Клековски? И тој е на екскурзија како Мицкоски?

Нема место на светот каде министер за полиција што до вчера се занимаваше со хиперхлорирање, денеска станува стручњак за анализи на вода.

Што работеа досега, реагираат од СДСМ.

Зошто дури сега најавуваат анализи?

Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што тоа го рече Мицкоски.

Нема официјален документ.

Нема потпис.

Никој не сака да преземе одговорност.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вчера јавно потврди дека има бактерија.

Повторно се врши хиперхлорирање.

Кога се прави хиперхлорирање – водата не е за употреба, ниту за капење.

Граѓаните сѐ уште ги мијат садовите и се капат со вода што содржи опасна бактерија.

Сѐ ова се случува само за да се спаси лажната изјава на Мицкоски.

Обвинителството мора веднаш да застане на страната на граѓаните и да покрене кривична одговорност против:

• Христијан Мицкоски

• Сашо Клековски

• Паче Тошковски

За свесно загрозување на здравјето на граѓаните на Гостивар, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

Манасиевски: Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии ја укинале судската пресуда во која се ослободуваат виновниците за сообраќајната несреќа во Ласкарци

Предраг Петровиќ

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Доц. д-р Жан Митрев на бесплатен вебинар за навремено препознавање и лекување на аортната стеноза

Предраг Петровиќ

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата