СДСМ: Мицкоски се загуби, манифестира немоќ и деструктивност

Од:

„После објавувањето на црната листа на САД на којашто се најде неговиот шеф Груевски, Мицкоски целосно се загуби. Деструкции, блокади и по секоја цена партиско мотивирање на протести среде најголема криза. Мицкоски нема што да им понуди на граѓаните освен манифестација на немоќ, безидејност и деструктивност“, реагира СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски.

„Зарем нема никој во Белиот дворец да му ја каже реалноста на Христијан Мицкоски? Себичните политички желби на Мицкоски не не засегаат. СДСМ е посветен на интересот на граѓаните и државата. Имаме многу одговорна работа, а тоа е менаџирање на најголемата економска криза по втората светска војна којашто Владата успешно ја спроведува.

Се она што Мицкоски очигледно не го интересира, бидејќи никогаш не го интересирале граѓаните и нивните потреби туку само неговата политичка кариера.

Владата и парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се стабилни и нема да дозволат загубениот Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ да направат штета на граѓаните, нема да дозволат да влеат несигурност или нови кризи“, се наведува во реакцијата на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%