СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

Од:

Мицкоски повторно ја повторува истата приказна: „Сите задолжувања се за проекти, за враќање стари долгови, еврообврзници.“ Додека зборува за раст на БДП од 3,5 до 4 проценти, реалноста е сосем поинаква. По унгарскиот кредит во октомври 2024 година, јавниот долг се зголеми на 61,4 % од БДП. Со новото задолжување од 4 милијарди евра, 2026 година ќе заврши со 12 милијарди евра долг – над 65 % дури и од БДП, велат од СДСМ.

– Во официјалните податоци за јавниот долг ги кријат над 350 милиони евра кредити кон ЈПДП кои се гарантирани од Владата. Во последниот ребаланс воопшто не стои новото задолжување од 1,3 милијарди евра. Министерката Кочовска треба да знае дека со тоа се крши Законот за буџет а за тоа следува затвор! Ова не е одговорна политика. Ова е шема: се земаат нови кредити за да се платат старите, додека парите од буџетот одат во партиски тендери, а граѓаните остануваат без резултати.

Раст без одржливи финансии е само бројка на хартија. Долгот расте, каматите се 350 милиони евра годишно, а приказните за „проекти и враќање стари долгови“ се само покритие. СДСМ бара целосна транспарентност на сите задолжувања, вклучувајќи ги и гаранциите кон ЈПДП, и итно усогласување со Законот за буџет. Доволно лаги. Доволно задолжување на грбот на генерациите. Ако каматите на долговите за време на претходната влада изнесувале околу 120 милиони евра, а денес се искачуваат на 350 милиони евра, како Мицкоски ќе го објасни тоа со приказната дека само ги враќа старите кредити?

На крајот, граѓаните не живеат од статистика и политички оправдувања. Ниту една лага не платила сметка, ниту една статистика не наполнила фрижидер. Граѓаните сакаат да знаат каде одат нивните пари, колку се задолжува државата и зошто цената на долговите станува сè поголема. Вистината може да се одложува, но не може да се сокрие. ицкоски може да ја менува статистиката и да бара оправдувања, но реалноста ја чувствува секое македонско семејство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните