СДСМ: Мицкоски ја руши потрошувачката кошничка, за да не ја покачи минималната плата

Од:

Христијан Мицкоски, премерот кој не пробал грозје и цреши оваа зима но има саати од 60.000 евра, реши да се пресметува со граѓаните со најниски примања и да го уништува нивниот стандард. Обидот да ја намали вредноста на синдикалната кошничка е со цел да ја оправда политиката на ниски плати и непокачување на минималната плата, велат од СДСМ.

– Преку брутален упад во пресметките кои со години се релевантни, кои тој лично ги користеше за напад додека беше опозиционер, Мицкоски става печат на блокадата на растот на платите и грижата за граѓаните.

СДСМ со месеци предупредува дека ВМРО-ДПМНЕ има една единствена цел, да ги држи граѓаните во постојан економски грч, а покачувањето на платите да биде употребувано само него кога тоа му е политички потребно, односно пред избори.

СДСМ имаше донесено конкретни системски решенија кои Мицкоски намерно ги сруши. Растот на платите со СДСМ беше загарантиран и не зависеше од волјата на ниеден политичар туку од реалните индикатори за квалитетот на животот и трошоците. Денес тоа е минато и уништено директно од Мицкоски.

Ниедна Влада во историјата не го осиромашила својот народ за толку кратко време. Надвор од секаква криза, со стабилизирана инфлација и стабилни финансии, Владата го доведе народот до просјачки стап за неполна година. Економијата е во слободен пад, квалитето на животот на граѓаните се уништува од ден во ден.

СДСМ верува и реализира зголемување на платите, обезбедува стабилни цени и носи реален економски развој. Оваа власт верува во одржување на хаосот, ниските плати, економската несигурност, затоа што само така може да управува со страв и несигурност, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за нов државен јавен обвинител

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски