Вредноста на синдикалната минимална кошница за јули 2026 година изнесува 68.498 денари, што е за 156 денари помалку во споредба со јуни, кога изнесуваше 68.654 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Доколку во пресметката се вклучи и изнајмување стан од 60 квадратни метри, вредноста на синдикалната минимална кошница достигнува 83.873 денари.
Најголем дел од месечните трошоци на едно домаќинство и понатаму се однесуваат на храна и пијалаци, за што се потребни 25.012 денари, односно 36,5 проценти од вкупната кошница.
Образование – 7.192 денари (10,5%)
Облека и обувки – 6.511 денари (9,5%)
Станарина, вода, електрична енергија и греење – 6.379 денари (9,3%)
Рекреација и култура – 5.592 денари (8,2%)
Транспорт – 5.041 денари (7,4%)
Ресторани и хотели – 4.131 денари (6,0%)
Комуникации – 3.677 денари (5,4%)
Лична и хигиена во домот – 2.667 денари (3,9%)
Здравје – 1.196 денари (1,7%)
Останати стоки и услуги – 1.100 денари (1,6%).
