Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Од:

Вредноста на синдикалната минимална кошница за април годинава изнесува 68.797 денари и во однос на мартовската која изнесуваше 67.818 денари е зголемена за 979 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Со изнајмен стан од 60 квадрати, наведува ССМ, за април изнесува 84.172 денари. Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за четири месеци, јануари, февруари, март и април 2026 година, изнесува 3.305.денари.

За храна и пијалаци потребни се 26.085 денари, по што следуваат Образование, 7.000, денари, Станарина, вода, електрична енергија и греење, 6.338 денари, Облека и обувки, 6.129 денари, Рекреација и култура, 5.592, Транспорт, 4.961, Ресторани и хотели, 4.131, Лична хигиена и одржување на хигиена во домот, 2.667 денари, Комуникации 3.417, Здравје, 1.185.

Би можело да ве интересира

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Синдикалната минимална кошница во јуни изнесува 68.654 денари

Горан Наумовски

Македонија повторно меѓу најлошите земји за работничките права

Катерина Ѓуровски

Синдикалната кошница за мај е 68 743 денари

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест