(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Од:

„Чувствата“ на премиерот Христијан Мицкоски ги поклопија правото, Уставот и правната држава. Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ОКГ: нема реформи, корупцијата е широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци – истакна на денешната прес-конференција членот на Извршниот одбор на СДСМ, Александар Наумоски.

– Брисел директно алармира дека изјавите на претставници на власта, вклучително и на премиерот, создаваат притисок врз независноста на правосудниот систем и ја загрозуваат поделбата на власта.
Клучните наоди се јасни: Високи владини функционери водат јавни кампањи за дискредитација на судии и обвинители, со цел да ги замолчат и да ги претворат во партиски послушници. Измените на Кривичниот законик повторно отвораат опасен простор за неказнивост и заштита на криминалот. Корупцијата останува широко распространета, а сомнежите за проблематични тендери се множат.

Истовремено, буџетот за правосудството за 2025 година е намален за 4,3%, со што судовите се туркаат во уште поголема финансиска зависност. Ова е европска дијагноза за заробеното правосудство под власта на ВМРО-ОКГ и потврда на сè што СДСМ го говори со месеци. Нема реформи. Нема независно судство. Нема правда. Има политички притисоци, контролирано правосудство и обид за заштита на криминалот и продолжување на неказнивоста. Затоа ВМРО-ОКГ намерно го кочи пристапувањето кон Европската Унија. Европската интеграција значи посилни механизми за контрола, независни институции и вистинска борба против корупцијата. Токму од тоа се плаши власта на Мицкоски – од систем во кој законите ќе важат за сите и во кој секој што сторил криминал ќе одговара. Извештајот од Брисел е црвен картон за Мицкоски и неговата власт. Во организирана криминална група нема правна држава – има партиска држава во која „чувствата“ на премиерот се поставени над Уставот и законите, нагласува Наумоски.

Би можело да ве интересира

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард