СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

Од:

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го нарече срамниот билборд за влезот во Скопје „печатна грешка“. Ова не е печатна грешка. Печатна грешка е кога има грешка во текстот. Ова е графички производ со коњ со пет нозе, мост без крај и храм на Свети Сава од Белград наместо скопски пејсаж, велат од СДСМ.

– Не е направено од графички дизајнер туку со вештачка интелигенција, без контрола и без елементарна проверка. Тоа што градоначалникот на главниот град може да изјави дека е „печатна грешка“ зборува за апсолутна неписменост и за тоа колку никој во Град Скопје не контролира ништо што се работи. Ова е уште еден доказ дека ВМРО-ОКГ и неговите кадри работат по моделот на нивната сродна партија од Србија, со иста аматерска и примитивна логика. Нема контрола, нема проверка, нема одговорност. Градот не функционира од кога Орце е градоначалник. Не може да го реши ѓубрето во главниот град, не може да го реши градскиот превоз а се занимава со промоција преку AI-генерирани билборди.

Сега прашуваме:

• Кои фирми учествуваа во изработката на графичкото решение?

• На основа на кои параметри е избрана фирмата?

• Дали е спроведена јавна набавка согласно законот?

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ОКГ покажаа дека не се способни ниту за основни работи во градот. Наместо да се занимаваат со чистење на Скопје и со вистински проекти, произведуваат срамни билборди и потоа се правдаат со „печатни грешки“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“