СДСМ: Мицкоски глуми дека е за членство во ЕУ

Од:

„Три години губитникот Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ правеа се за да го отежнат патот на државата кон ЕУ и НАТО, а денес истиот тој Мицкоски глуми дека е за членство во ЕУ,“ велат од Социјалдемократскиот сојуз во реакцијата на вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и пораките од Христијан Мицкоски.

Еве го соопштението од СДСМ во целост:

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа едниствените кои навиваа Северна, да не добие датум за почеток на преговори, единствените кои блокираа реформи и структурни закони важни за интеграцијата во ЕУ.

Колку Мицкоски навистина е за ЕУ и НАТО говори фактот што најпозитивниот Извештај на Европската комисија го прогласи за лажни вести и што не смогна сили ниту да честита ниту да аплаудира во Собранието на денот кога станавме 30 земја членка на НАТО.

Единствен идеал на Мицкоски е одбрана на криминал и тој е против правдата која што доаѓа.

Бранителот на криминалот и неправдата, Христијан Мицкоски е последниот кој може да зборува за идеалите на великанот Гоце Делчев.

Борбата за социјална правда, солидарноста, меѓусебното разбирање и помагање се непознати категории за Мицкоски кој знае само да брани криминал и да се однесува деструктивно.

Залудна е глумата на Мицкоски, граѓаните знаат дека тој е антизападен и антинароден политичар кој сака да ја врати државата назад во изолација и режим. Затоа граѓаните го казнија на три изборни циклуси и затоа тој и неговото нереформирано ВМРО-ДПМНЕ остануваат во опозиција,“ велат од СДСМ:

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски