А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Лицемерно ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост, земјоделството се унапредува

by А1он18/02/2019 - 19:0918/02/2019 - 19:10146
Share0

11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ е симбол на негржа, манипулации и притисоци врз земјоделците, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека денес како опозиција ВМРО-ДПМНЕ глумела загриженост за земјоделството.

Добивај вести на вибер

„Заради остварување криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ со години ги потценуваше земјоделците, го погазуваше нивниот труд и го уназади земјоделството.

Наспроти таквиот однос, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со земјоделците и сите спроведени мерки се со цел развој и унапредување на земјоделството како една од клучните стопански гранки.

Како што јавно објави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, трансформацијата на субвенцијата за килограм предадени јаболка е направена по барање на дел од овоштарите и истата според нивните пресметки е вкалкулирана во субвенцијата за одржување на овошни насади со јаболка.

Во оваа година, финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка се зголемува од 33.000 на 41.000 денари по хектар, додека за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари, поддршката расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар.

Истовремено, сите овоштари од преспанскиот регион ќе добијат за 15 отсто повисока субвенција за подрачја со ограничени можности, или во апсолутни бројки, субвенцијата ќе биде зголемена од 50.000 на 57.500 денари по хектар.

Покрај промените во Програмата за директни плаќања за 2019, преку консултации со овоштарите, минатата година, со Програмата за 2018 се воведе и интервентната субвенција за производителите на индустриско јаболко која важеше до 25 декември 2018 година.

Досега, со помош на интервентната субвенција откупени се 45.000 тони или 30 отсто од вкупното производство на индустриски јаболка.

Исто така, со Програмата за 2019 година и трансформирањето на субвенцијата од килограм во единица површина, цената на индустриско јаболко се зголеми двојно“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

sdsmvmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 15:2001/04/2026 - 15:26

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Горан Наумовски01/04/2026 - 10:48

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Горан Наумовски30/03/2026 - 13:51

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Горан Наумовски30/03/2026 - 12:46

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Горан Наумовски30/03/2026 - 11:55

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 10:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто