СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

Од:

Дипломатската изолација на Мицкоски се покажа во Давос. Премиерот немаше ниту една средба со светски или европски лидер. Се снимаше по ходници и тераше туризам на сметка на граѓаните, реагираат од СДСМ.

– Единствена средба којшто ја одбележа неговата посета на Давос беше со сопственикот на унгарската 4iG, поврзана со режимот на Виктор Орбан. Ова покажува колку Мицкоски му слгува на Орбан во ширењето на неговото политичко и бизнис влијание. Во оваа насока е и последната одлука на Владата на Мицкоски за влез на компанија 4iG во телекомуникацискиот сектор. Ова не е инвестициски успех туку политички проект за преземање контрола врз стратешки сектори како телекомуникациите и медиумите, создавајќи мрежа на авторитарни влијанија што го изолираат регионот од ЕУ. Сопственици на провладините портали кои се дел од медиумскиот октопод Алфа-Алта во најголем дел се од Унгарија и директно поврзани со Орбан. СДСМ веќе два месеци предупредува за планот на ВМРО за преземање контрола врз стратешките сектори и пред се во медиумите и тој план станува сè поочигледен. СДСМ повикува заштита на националните интереси од странски влијанија што ја загрозуваат независноста и европската иднина на Северна Македонија. Не смее да се дозволи нашата земја да стане дел од овој круг на корупција и авторитарност, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за нов државен јавен обвинител

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски