СДСМ: Институциите да не подлегнуваат на насилните сценарија на Груевски

Од:

„Многу брзо ќе биде избран новиот собраниски претседател, а потоа и новата реформска Влада на граѓаните на унитарна Македонија, согласно Деловникот, Уставот и законите во Р.Македонија.

Одлуката е на 700.000 граѓани изразенa на кредибилни избори, преточена во 67 пратенички мандати на парламентарното мнозинство, кое има право, но и должност да ги избере новиот собраниски претседстел и новата Влада.

Никола Груевски лаже за непостоечки теми, но не смее да се заканува со насилство. Тоа е противуставно и дело казниво по закон!

Груевски не е народот. Тој не е фактор. Граѓаните се фактор, а тие избраа заедништво, правда и промени и тие ќе се случат.

Мирен трансфер на власта е врвен државен интерес на граѓаните и на Македонија!

Секој кој ќе се обиде да ја попречи волјата на мнозинството и да дејствува спротивно на државните интереси ќе се соочи со својата одговорност.

Груевски има интерес да ја дестабилизира државата затоа што се надева дека така ќе избегне одговорност за криминалите.

Укажуваме на институциите и на вработение во нив, дека има ново парламентарно мнозинство и дека се должни да ги овозможат демократските процеси согласно мнозинската волја на граѓаните од изборите.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ