СДСМ: Груевски пред судот не одрече дека гласот на снимката не е негов

Од:

„Што се случи што денеска 10-кратно се намали вредноста на душевната болка на Никола Груевски?

Логично е Груевски да има потреба да се дообјаснува преку партиски соопштенија. Бидејки, по одбивањето на клучниот сведок, Ден Дончев и аудио снимката за доказ, излезе на виделина судската фарса што треба да обезбеди амнестија на Груевски.

Груевски знае дека никој во Македонија што ја има слушнато снимката, нема дилема дека гласот е негов. Затоа Груевски пред судот не одрече дека гласот на снимката не е негов, туку се повика на партиско соопштение.

Да му беше важна правдата на Никола Груевски, тој ќе бараше 1 евро, а не 500-тини илјади евра или 50 илјади евра.

За Груевски парите се предмет на манипулација, исто како и вистината и судството.

Тој треба да каже дали ја намали сумата, за да му помогне на судот поедноставно да донесе пресуда во негова полза.

Во демократска држава, каква што за жал не е Македонија, судот ќе ги изведеше сите докази. Ќе беше докажана вината на Груевски и тој ќе ја добиеше заслужената казна“, се вели во писмената реакција на СДСМ, на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана