СДСМ: Го поздравуваме непотпишувањето на указот за Законот за заштита на децата

Од:

СДСМ попладнево преку соопштение обелодени дека претседателката на државата не го потпишала указот за Законот за заштита на децата со кој се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките. Од СДСМ го поздравија ваквиот чекор на претседателката и побараа од ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од измените на овој закон.

Од Кабинетот на претседателката засега нема потврда на информацијата, ниту образложение.

– Го поздравуваме непотпишувањето на Указот од страна на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова со што се отвораа оваа можност и бараме власта да се повлече од намерите поради спорните одредби кои ги содржи. Членот 9 и Членот 10 од Предлог Законот за измена којшто го предложи Владата значи воведување двојазични лиценци од областа на детската заштита. Спорно е што овој сегмент е регулиран со друг закон кој ја уредува употребата на јазиците, но и Уставот на државата. Со предложените измени на Законот власта ги враќа процесите назад со воведување можност за полагање за стекнување со лиценца во хартиена форма наместо во дигитална. Ова отвора можности за злоупотреби, партизација и сомнителни доделувања на лиценци по партиски клуч, посочија од СДСМ.

Како што нагласија од СДСМ, во овој Закон спорна е целата процедура која, како што велат, насила се туркала во Собранието.

-Предлог Законот од матичната Комисија за социјална политика, млади и демографија власта го префрли за расправа и дискусија во Комисијата за енергетика. Претседателот на Собранието го прекрши Деловникот само за да ја заобиколи надлежната Комисија за социјална политика, којашто е блокирана поради неприфаќање на Законот за посебните права на бранителите. Очигледно ДПМНЕ многу му должи на ВЛЕН, но правниот поредок на државата не смее да биде загрозен само поради политичките дилови на владејачката коалиција, наведуваат од СДСМ.

Претседателот на политичката партија Левица Димитар Апасиев, заедно со неговиот адвокатски тим, денеска во архивата на Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Мер

Со реакција се јави и претседателот на Левица, Димитар Апасиев кој преку објава на својот фејсбук профил праша дали претседателката ставила вето и го послушала апелот на Левица.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Имаме јасен избор – статус кво или промена која сите заедно ќе ја изградиме

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – можеби нашата борба е тешка, но е праведна

А1он

(ВИДЕО) Богевски: Мециновиќ влегува во вториот круг, исклучително сме задоволни од резултатите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Многу е важно избраните градоначалници и советници да добијат легитимитет од голем број граѓани

Горан Наумовски