СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Од:

Европската Комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци, – Христијан Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судството и обвинителството а корупцијата е неказнива. Европската комисија во својот најнов Извештај за владеење на правото јасно и недвосмислено нотира мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта. Ова не е општа забелешка, ова е директна и сериозна дијагноза на состојбата во која се наоѓа правосудниот систем во Македонија, велат од СДСМ.

– Комисијата предупредува дека измените на Кривичниот законик повторно создаваат простор за неказнивост, дека постои политичко влијание врз постапките на судиите и обвинителите и дека независноста на правосудниот систем е сериозно загрозена. Ова се случува во момент кога Македонија треба да ги исполнува најстрогите стандарди за владеење на правото доколку сака да продолжи кон Европската унија.

Она што Европската Комисија го забележува како системски проблем е токму резултат на политиката која ја води Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Наместо независно судство и обвинителство, граѓаните добиваат политичка контрола врз институциите, селективна правда и заштита на криминалот на власта. Европската комисија јасно порачува дека без вистинска независност на правосудството нема напредок кон ЕУ. Мицкоски и ВМРО, наместо да ги спроведуваат реформите, продолжуваат со истата практика на притисок и контрола која ја имаа и во минатото. Граѓаните на Македонија не смеат да дозволат правдата да биде во рацете на оние кои ја штитат криминалната мрежа. Време е за одговорност. Време е за независно судство. Време е за Европа, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

А1он

Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема