СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ стигна до тоа дереџе да држи пресови кој и каде е вработен во приватни компании и тоа да го претставува за наводен скандал.
За да не биде скандал, СДС да појасни дали тој човек не треба да работи во таа фирма или не треба да работи никаде? Вчера тврдеа дека првовработениот во споменатата фирма бил роднина на Димче Арсовски и откако спинот им заврши на буниште смислија нов спин, за да се себе оправдаат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот пред на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Ова е резултат на очајот и паниката, но пред сè безидејноста во редовите на СДС.

За потсетување во продолжение ги потсетуваме на безбројните афери чиј носител е СДС и нивниот лидер Венко, како „Шпанско село 2“ каде Филипче се стекна со огромен имот на Водно, сомнителните тендери во РЕК Битола и ЕСМ за набавка на јаглен од која фирма, исто така Филипче профитирал и тоа на поклон добил луксузен џип аудито Q8.

Да не ги заборавиме крвавите тендери, планираната набавка на вакцини во корона периодот за цени три пати повисоки од пазарните и тоа од фирми за овошје, ни криминалната приватизацијата на стерилизација во јавните здравствени институции, како ни модуларната болница во Тетово во која живи изгореа 14 луѓе за две минути, и тоа за профит од 20%, сето ова во време на министерувањето на Венко Филипче.

Исто така не треба да се заборават ниту криминалите на Драги Рашковски кој, како Генерален секретар на влада си спроведуваше тендерски постапки за набавка на софтвери за кои никој ниту знаел, ниту ги користел.

Потсетуваме и на државното земјиште кое сопругата на Ковачевски го доби од неговата влада за изградба на фотоволтаици, како и на фирмите, исто така за фотоволтаици, на браќата на Заев и Филипче во Дојран за која добиле дозволи во рекордно брзо време.

Долга е листа листата на скандали, афери и наместени тендери во страна на СДС, затоа до исчекување на следниот спин, на СДС им порачуваме да си ги погледнат своите редови и редно е да ги исчистат од нивните докажани криминални структури, кои сакаат да ги продадат како нови лица, се вели во реакцијата од партијата.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела