СДСМ до Арсковски: Преземаме морални чекори, ВМРО-ДПМНЕ да побара од своите членови да ги повлечат роднините од позициите

Од:

Партизирање и фамилијазирање на државните институции се токму обележје на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ за една деценија ги претвори државните институции во партиски агенции за вработување на роднини, пријатели и сопартијци, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Димче Арсовски.

„До каде се одело покажува примерот токму на Христијан Мицковски, од сите професори на Машинскиот факултет, тој станал асистент кај сопствениот татко, со кого и заедно пишувале книги и учебници.

Тоа време е минато.

Претставници на СДСМ преземаа морални чекори и покрај тоа што процесот на вработување бил транспарентен и законски, а лицата целосно ги исполнувале критериумите.

Незамисливо за ВМРО-ДПМНЕ.

Еве шанса на ВМРО-ДПМНЕ да се докаже, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11 годишно владеење.

Таткото и сестрата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор јанушев вработени во ЦУК и МВР нека се откажат од работните места.

И оние 625 лица во РЕК Битола вработени преку партиски списоци на ВМРО-ДПМНЕ.

Или за ВМРО ДПМНЕ моралот е непозната категорија, со оглед на тоа дека никогаш не бил применет ниту пак признаен?“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема