СДСМ: Антикорупциска не може да види цела зграда на улицата „Димче Мирчев“

Од:

„За Државната комисија за спречување на корупцијата не беа случај непријавените станови со мансарди на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Не беа случај непријавените станови на синовите на пратеничката Силвана Бонева.

За Антикорупциската комисија немаше случај во непријавениот стан на мајката на генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Антикорупциската комисија изгледа од многу работа, ги помеша и нулите за имотот на директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Цела зграда на улицата Димче Мирчев не може да види Антикорупциската комисија.

Вака ја замислува својата неселективна работа претседателот на Антикорупциската комисија, Сламков, кој како и неговите колеги, зема плата од нас граѓаните, да ги штити интересите на граѓаните, но пожртвувано ги штити интересите на власта.

Затоа, ако Сламков говори за работа со полна пареа, да, работата на Антикорупциската комисија е чиста пареа“, се вели во писмената реакција на СДСМ, на изјавата на претседателот на Антикорупциската комисија, Ѓ.Сламков.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ