Саздов: ДИК и МВР се најодоговорни за спроведување кредибилни избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ бара од ДИК и од МВР, двете најодговорни институции за спроведување на изборите, каде СДСМ има контрола, да бидат на висина на задачата и да ги преземат сите активности што треба да ги преземат со цел да имаме кредибилни избори на 5 јуни. СДСМ и Зоран Заев немаат никакво оправдување за поразот кој што им претстои.

Ова на денешната прес-конфернција во седиштето на партијата го соопшти пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание Павле Саздов, кој  ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека поседува куќа во Бутел и оти на таа адреса се регистрирани 15 гласачи.

Јавноста, како што рече, треба да знае дека разликата меѓу поддршката што ја има ВМРО-ДПМНЕ и онаа што ја ужива СДСМ не се 10, 100 или 1.000 туку се 200.000 гласа разлика.

– Оваа разлика се повторува изминативе десет години во сите избирачки циклуси. Јас сум сигурен дека со продолжување на деструктивните сценарија од страна на СДСМ тие ќе тонат уште подлабоко и таа разлика од 200.000 гласа на изборите на 5 јуни ќе биде уште поголема. Со ова СДСМ остана без алиби за поразот кој наближува на 5-ти јуни, рече Саздов.

ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, има двојно поголем рејтинг од СДСМ и секому сега му е јасно зошто. Тој додаде дека со лаги и манипулации не се стекнува доверба кај граѓаните.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски