Сара Настеска од Охрид замина на лекување во Германија

Од:

Петнаестгодишната Сара Настеска од Охрид заедно со своето семејство отпатува за Германија каде ќе започне нејзиното лекување, овозможено благодарение на многу хуманитарни акции спроведени низ целата земја.

Нејзиното семејство упати огромна благодарност до сите што помогнаа за реализацијата на целта – почеток на лекувањето на Сара, на која во август и беше дијагностицирана Anemia Aplastica, болест што може да се лекува со трансплантација на коскева срж.

Донор на сржта ќе биде нејзиниот помал брат Виктор, кој исто така веќе е во Германија, а договорено е со медицинските екипи во текот на оваа седмица да почнат испитувањата што претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.

За лекување на Сара во Германија беа потребни околу 200 илјади евра, средства што нејзиното семејство не можеше да ги обезбеди. Парите беа собрани преку донации откако беше мобилизирана речиси целата јавност во Охрид, што потоа се прошири низ целата земја, демонстрирајќи ја хуманоста на поединци, лица од уметноста, пејачи, спортски клубови, институции, фирми, установи.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

Орце Костов

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид