Санино разговараше со ЗНМ за инцидентот со новинарите во Собранието

Од:

Генералниот директор за проширување на Европската комисија Стефано Санино денеска во Скопје се сретна со претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

На средбата, како што се наведува во соопштението од ЗНМ, е разговарано за инцидентот со новинарите во Собранието на Република Македонија на 24 декември и за начините како да се надмине и нормализира ситуацијата.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани ги објаснил околностите под кои се случи инцидентот и го повторил ставот на Управниот одбор на здружението дека за надминување на оваа ситуација потребно е да се лоцира и да се понесе одговорност од надлежните институции и одговорните лица.

За ЗНМ, се наведува во соопштението, не е важна формата како ќе се дојде до расветлување на инцидентот, туку битно е декларативното изразување на жалење од страна на државниот врв да биде проследено со конкретни резултати на утврдување на одговорност.

Според Здружението, генералниот директор за проширување на ЕК изразил надеж дека ситуацијата ќе се надмине брзо и оти ЗНМ ќе се врати на разговорите со Владата. Санино изразил верба дека за надминување на ситуацијата потребна ќе биде политичка волја од надлежните институции кои ќе најдат начин да го расветлат инцидентот и да утврдат одговорност.

На средбата е заклучено дека консултациите меѓу ЗНМ и Европската комисија ќе продолжат во интерес на надминување на сегашната ситуација и за продолжување на европската агенда за унапредување на слободата на изразувањето во Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори