Само во пет града нема активни случаи на Ковид-19, покрај Скопје и Тетово, алармантни бројки и во Гостивар

Од:

Бројот на новозаболени од Ковид-19 во државава постојано расте. Според вчера објавените податоци од Институтит за јавно здравје, од направени 6770 тестирања, коронавирусот е потврден кај 672 лица. Починати се пет пациенти на возраст од 48 до 85 години, а регистрирани се и 35 оздравени.

Бројот на активни случаи се искачи на 4369 oд кои најголем број има во Скопје-1468 и во Тетово-976, а потоа следат Гостивар – 558, Куманово-263, Кичево-227, Струмица-159, Битола и Струга по 96, Дебар-89.

Боганци, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Дојран се петте град во земјава во кои нема активни случаи на Ковид-19, во девет града има едноцифрен број заболени.

Министерството за здравство вчера соопшти дека од 3497 граѓани кај кои е потврден коронавирусот во изминатите седум дена, 450 односно 12,8 отсто биле целосно вакцинирани, а 87,1 проценти или 3047 граѓани не биле вакцинирани. Во анализата на Министерството за наведениот период се евидентира ниту еден од 25-te починати од Ковид-19 не бил вакциниран.

Заклучно со завчера, вакцина досега примиле 571 392 граѓани, ревакцинирани се 462 192 односно аплицирани се вкупно 1 033 584 дози. Прва доза вакцина завчера примиле 8808 граѓани, а вкупно биле вакцинирани 15 574. Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 67 проценти од населението над 70 години, 64 отсто од луѓето 65 години, 60 отсто од тие што се повозрасни од 60 години и 50 отсто од населението над 50 години.

Од почетокот на епидемијата во земјава, бројот на Ковид-дијагностицирани лица достигна 160 571 од направени 1 046 042 тестирања, oздравеле 150 670 пациенти, а бројот на починати е 5532.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска