Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во текот на минатата недела направени се 3.281 тест, а регистрирани се 196 нови случаи на Ковид-19 со намалување од 14,8% во однос на претходната недела (n=230).

Во Скопје се регистрирани 127 нови случаи, во Прилеп – 21, во Охрид – 10, во Битола – 8, во Штип – 5, во Кавадарци и Кочани – по 4, во Неготино – 3, во Куманово, Струмица и Кичево – по 2, во Тетово, Велес, Гостивар, Струга, Гевгелија, Радовиш, Дебар и Македонски Брод – по 1.

Процентот на позитивност се движи од 1,5% до 8,2%, просечно 5,7%

Од вкупниот број на позитивни 196, регистрирани се 50 реинфекции со намалување од 9,1% во однос на претходната недела (n=55).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени кај возрасната група над 60 години (n=100; 51,0%). Намалување се забележува кај сите возрасни групи во однос на претходната недела.

Во текот на изминатата недела (31.10 – 06.11.2022) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се осум починати лица, тројца од Скопје, двајца од Прилеп, по еден од Битола, Охрид и Штип.

Пријавените се на возраст од 70 до 95 години, а починати се во период од 14.09.2022 до 21.10.2022г. Од починатите лица, пет се починати во болнички услови, тројца во домашни услови.

Регистриран e 221 оздравен пациент, 5,6% помалку во споредба со минатата недела (n=234): Скопје – 159, Прилеп – 14, Битола – 8, Штип и Кавадарци – по 5, Куманово – 4, Охрид, Кичево и Кочани – по 3, Велес, Гостивар, Струмица, Гевгелија и Ресен – по 2, Крива Паланка, Делчево, Берово, Виница, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Во минатата недела тестиран е 3.281 материјал, со што се бележи зголемување од 12,5% во однос на минатата недела (n=2.917). Материјалите се тестирани во следните лаборатории: ИЈЗ-329, ЦЈЗ Скопје-252, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово-34, ЦЈЗ Куманово-107, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, Институт за микробиологија–200, Жан Митрев (Филип Втори)-24, Авицена-41, Биотек-74, Систина-37, лабораторија Лаор-17, Синлаб-19, Ремедика-37, Плодност-6, Генеа-25, Никоб Лаб-267, ВФВ Медикал-12, Ели Медика Плус-18, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–11, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-16, ГМ Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.634.

Во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ во текот на минатата недела се изработени 42 примероци на SARS-CoV-2, од позитивни примероци детектирани во текот на месеците септември и октомври од Велес, Скопје, Кавадарци, Битола, Кичево, Неготино, Гевгелија, Охрид и Струмица. Кај сите примероци е детектирана BA.5 сублинијата на Omicron сојот.

Досега во земјата се направени вкупно 2.186.573 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.342, бројот на оздравени пациенти е 334.556, на починати е 9.572, а бројот на активни случаи изнесува 214.

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против COVID-19. Заклучно со 06.11.2022, вакцинирани се вкупно 875.849 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 856.930 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 31.10.2022 до 06.11.2022 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

За три дена 71 нов случај на Ковид-19

Катерина Ѓуровски