Само две компании ќе добијат казни за неисплатен К 15

Од:

Само две компании ќе добијат казни за неисплатен годишен регрес за 2018 година. Државниот инспекторат за труд по интензивните контроли од почетокот на годинава повел само две постапки за прекршочни пријави против компании што не исплатиле годишен регрес, популарно наречен К15.

Од инспекторатот велат дека од почетокот на годината постапиле по 952 претставки од вработени.

„Донесени се 173 решенија со кои им се наредува на работодавачите да исплатат регрес во определен рок на 2.757 работници. 153 работодавачи постапиле по решенијата на инспекторатот во определениот рок, 18 работодавачи поднеле жалба против решенијата и се чека одлука од Комисијата, и двајца работодавачи не постапиле по решенијата на инспекторатот поради што против нив се поднесени барања за поведување прекршочни постапки“, вели Злате Стојановски, в.д. раководител на Секторот за инспекциски надзор од областа на работните односи во Државниот инспекторат за труд.

Со контролите биле опфатени вкупно 36 илјади работници, а констатирано било дека 90 работодавачи не исплатиле навреме К15. Инспекторатот ги засили контролите откако само во јануари доби околу 300 претставки за неисплатен регрес.

„Во последните два месеца ретки се претставките кои се однесуваат на неисплатен регрес за годишен одмор“, вели раководителот Стојановски.

Информацијата за спроведување исплата на годишен регрес од инспекторат беше усвоена на почетокот на месецов иако Владата ја најави за крајот на февруари.

 

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on

ДИТ по несреќите на двајца работници во Пробиштип: Преземени се мерките за безбедност од страна на рудникот и фабриката за акумулатори

Левица: Брутална експлоатација во ,,Кромберг и Шуберт” – институциите не постапуваат

А1он

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

А1он

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов