СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Од:

На работниците не им требаат изговори ниту некакви најави за 2 години. На работниците треба платите да им се покачат сега, оваа година, затоа што парите не им стигаат од први до први, реагираат од СДСМ.

Дали Мицкоски чекаше две години да купи часовници од 65.000 евра?

Последните податоци покажуваат дека минималните месечни трошоци на четиричлено семејство, во јануари 2026 година, изнесувале 66.413 денари. Тоа значи дека ниту 2 минимални плати не се доволни да се покријат основните потребни на просечно семејство.

Сегашното ниво од 400 евра минималната плата не обезбедува доволно заштита на животниот стандард и не ја следи реалната структура на трошоците на едно просечно домаќинство.

Работниците буквално се борат за парче леб и не може да чекаат до 2028 година.

Македонија денес има најниска минимална плата во регионот и во Европа.

Мицкоски се фали дека сме 4 та економија во Европа, па зошто не сме на 4 то место по висината на платите?

Во Косово, минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази. Во Албанија, од 1 јануари 2026 година, минималната плата ќе изнесува 500 евра. Владата на Србија со одлука ја зголеми минималната плата на 500 евра а во Црна Гора од 600 до 800 евра.

Последиците веќе се гледаат.

Квалификувани работници од Македонија на големо заминуваат во странство, младите се иселуваат, а кај нас се увезуваат „економски работници“.

Освен ако целта на владата не е токму тоа, со носење на „економски работници“ да ја намали вредноста на трудот, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар