Само 5 до 7 проценти од наставата опфаќа теми за медиумска писменост

Од:

Терминот „медиумска писменост“ е непознат за наставните програми и планови во Македонија, а не е застапен ниту во еден стратешки документ. Само 5 до 7 проценти од наставата опфаќа теми кои треба да го поттикнат критичкиот однос на учениците кон медиумите, покажува истражувањето што го спроведе Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука.

Во основното образование во Македонија се изучува медиумската писменост само во одделни програмски подрачја во различни предмети, а мал е и бројот на часови за да се постигнат поставените цели. Она што недостига се и недоволните средства за работа како што се смарт табли, компјутери и интернет и доедукација на наставниот кадар којшто треба да биде медиумски писмен за да може да ги пренесе знаењата на учениците.

– Учениците се запознаваат со различни видови на медиуми што значи дека не е дека не ги познаваат медиумите. Нашиот образовен систем им кажува кои се основните медиуми за комуникација, која е нивната улога во општеството, но она што не ги учи е како да внимаваат и да восприемаат медиумските содржини, рече Александра Теменугова од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

Оттаму препорачуваат итно да се ревидираат учебниците и наставните програми со содржини за медиумска писменост, да се организираат континуирани обуки за наставниот кадар, а од Бирото за развој на образованието се бара поголема ангажираност во следењето на имплементацијата на наставните програми.

Од Бирото за развој на образованието ветуваат реформи на наставните програми.

– Оваа година Бирото за развој на образованието започна со реформа на наставната програма по граѓанско образование за осмо одделение во која се опфатени и содржините за медиумска писменост. за следната учебна година претстои реформирање и на наставната програма за граѓанско образование за деветто одделение, рече директорот на Бирото за развој на образованието, Зекирија Хасипи.

Дел од присутните на денешната конференција посветена на медиумската писменост во образованието оценија дека Македонија нема визија за образовниот систем и оти само формално се прават реформи.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време