Салмонела е причината за труењето во Драчево

Од:

Салмонела е причината за труењето од сендвичарницата во Драчево, потврди денеска Инфективната клинка. Хоспитализираните пациенти се во стабилна состојба, а нови не се примени.

– Времето на инкубација и сите лабораторско-клинички параметри покажаа дека се работи за салмонела, Бактериската инфекција ја нема кај сите пациенти бидејќи сите не дошле во исто време и од нив не е пратен материјал за испитување во исто време, изјави проф. д-р Снежана Стојковска од Инфективната клиника.

Според неа, овој случај веќе треба да се смета за затворен. Нови болни не се очекуваат, но сите пациенти со салмонелозна инфекција, и хоспитализираните и останатите, вкупно 39, ќе бидат следени во наредните три до шест месеци за да се спречи евентуално натамошно ширење на болеста со оглед дека меѓу заразените има дечиња од сите возрасти и возрасни вработени.

– Кога ќе се постигне клиничка санација, како во случајов, не значи дека е постигната и бактериолошка санација, објасни Стојковска.

Салмонелата е класична зооноза, бактерија што живее во животните. Поради тоа, за луѓето најризична е храната од животниско потекло, месо, млеко и нивни преработки, слатки, сладоледи, мајонези, кечапи,…

– Не би требало да се јадат овие продукти непорверени, не чувани на соодветна температура, порача професорката.

Од вторникот до завчера 39 пациенти се обратиле до Клиниката за инфективни болести. Од нив 12 се хоспитализирани меѓу кои и 29-годишна трудница. Сите, како што потврдиле, јаделе иста храна. Дел од нив ќе бидат пуштени дома.

Би можело да ве интересира

Родители на деца со симптоми на труење велат јаделе пилешки стек, АХВ времено затвори седнвичара во Штип

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Во болница во Куманово донесено десетмесечно бебе затруено со лекови

А1он