А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Бактерии пронајдени во мусаката и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае

by А1он28/11/2025 - 15:5329/11/2025 - 08:011691
Share0

Во земениот примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на три чешми во училиштето, информира Институт за јавно здравје (ИЈЗ).

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што посочуваат од ИЈЗ, после денешната прес-конференција добиле нов резултат од узорцираниот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на 3 чешми во училиштето.

-Бројот на земени примероци и пристигнати материјали е екстензивен, и материјали за анализа се уште пристигнуваат, велат од ИЈЗ.

ИЈЗ во текот на денешниот ден одржа прес конференција и информираше за сите досега преземени активности од надлежните институции (АХВ, ДСЗИ, ЦЈЗ Скопје, Детска клиника) кои се во постојана комуникација и координација, како и за сите резултати од узорцираните примероци и од доставените материјали за анализа.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае на 26 ноември голем број ученици се пожалија на стомачни тегоби. Надлежните институции соопштија дека од кујната на основното училиште се земени мостри од храна, вода, брисеви од површини и вработени, кои се очекува да бидат познати во текот на денешниот ден.

makedonijamusakatruenje

Би можело да ве интересира

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 20:39

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:40

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:3707/11/2026 - 12:45

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:03

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 10:09

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 09:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео